Свет

Судот во Пенсилванија му дозволи на Маск да донира по еден милион долари на гласачите

Судија од Пенсилванија донесе одлука дека подароците од 1 милион долари, кои Илон Маск ги нуди на гласачите, можат да продолжат и за време на денешните претседателски избори, меѓу Камала Харис и Доналд Трамп откако претходно беше обвинет за организирање нелегална лотарија и обид за влијание врз гласачите во критични држави.

Милијардерот вети дека ќе донира по 1 милион долари секој ден на регистрираните гласачи во свинг државите кои ја потпишуваат неговата онлајн петиција за слобода на говор и право на носење оружје. Првиот милион му беше доделен на Џон Дрехер на 19 октомври во Пенсилванија.

Окружниот обвинител на Филаделфија, Лари Краснер, ја нарече наградната игра измама која го прекршува државниот изборен закон и побара нејзино поништување.

Контроверзните подароци и нивната правна валидност ќе продолжат да бидат во фокусот на вниманието на властите и јавноста, со оглед на тоа што се случуваат за време на еден од најважните избори во САД.

Тагови

Поврзани вести