Македонија

Ќе се истражуваат природните богатства на планинатата Беласица

Археолозите од Заводот и музеј во Струмица започнуваат проект за истражување на богатствата на планината Беласица.

Оттаму велат, Беласица е планина која освен природно крие и богато историско, но и културно наследство. Само во струмичкиот дел на планината биле регистрирани над стотина археолошки локалитети. За најголемиот дел од нив стручната јавност имала одредени податоци, но речиси ниту еден не бил доволно истражен.

Освен културното, планината има и големо историско наследство. Во првата светска војна низ неа поминувал солунскиот фронт. Остатоци од различни објекти и денес се видливи на терен. Меѓу нив има управни згради, касарни, магазини, оружарници, коњушници. Како сведоштво за еден период и денес може да се видат голем број на бункери и долги рововски линии добро поврзани со соодветни патни коридори пробиени во нај непристапните предели на планината.

Освен дополнителни информации за големото богатство на планината, од струмичкиот завод и музеј очекуваат реализацијата на истражувањата и новите сознанија да бидат и причина плус за посета на планината Беласица.

Тагови

Поврзани вести