Свет
Сто долари за трета доза вакцина против ковид-19 во Њу Јорк, четврта доза во Израел
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио објави дека жителите кои ќе ја примат третата доза вакцина против коронавирусот до крајот на годината ќе добијат 100 долари од градската управа.
– Ова ќе биде најголемата програма за стимулирње во САД, и сакам да видам како ќе реагираат њујорчани… Помогнете да го направиме целиот град побезбеден, истакна рече Де Блазио.
Тој на брифинг предупреди њујорчаните дека се очекува сегашниот бран на ковид-19 да доведе до многу нови инфекции и дека ќе трае најмалку неколку недели. Променливиот неделен просек на случаи во градот е зголемен за речиси 123 отсто во споредба со просекот за претходните четири недели, покажуваат вчерашните податоци. Пораст од 12 проценти е забележан и кај хоспитализираните лица.
– Нема повеќе заклучувања. Поминавме низ тоа, беше поразително и не можеме повторно да поминеме низ тоа. Мораме да работиме заедно во следните неколку недели, наведе де Блазио.
Американската Влада ќе започне да испраќа бесплатни домашни тестови за ковид-19 до секое домаќинство во земјата што ќе побара. Белата куќа се подготвува да испрати до 500 милиони комплети и ќе создаде веб-страница на која луѓето ќе можат да ги поднесуваат своите апликации.
Мерката со која парите собрани од народот преку плаќање на даноци ќе се користат како мамка за поголема вакцинација наиде на различни реакции во јавноста.
Израел
Израел планира да стане првата држава на светот која на своите граѓани ќе им ја дава четвртата доза на вакцината против ковид-19, додека се подготвува за голем број заразени како резултат на ширењето на сојот омикрон. Израелските здравствени експерти ја препорачаа четвртата доза за лицата над 60 години и сите здравствени работници.
Премиерот Нафтали Бенет го поздрави ппанот и порача да се почне со подготовките за вакцинирањето. Ова следува откако Израел го потврди првиот смртен случај од омикрон, додека во земјата досега има околу 340 заразени со овој сој.Бенет изјави дека четвртата доза би се давала најмалку четири месеци по третата.
„Ова е прекрасна вест што ќе ни помогне да го пребродиме бранот со омикрон, кој го преплави светот“, изјави Бенет.
Израел во почетокот беше едел од светските лидери во вакцинирањето, но потоа само 63% од населението ги прими првите две дози. Ова се должи и на тоа што населението во Израел е доста младо, при што една третина од жителите се под 14 години. Поради тоа, Израел во ноември објави дека и децата од пет години можат да се вакцинираат.