Култура

Стотици учесници се соблекоа голи во пустина за да потсетат на важноста на Мртвото море

Стотици доброволци се соблекоа голи во израелската пустина за да учествуваат во фотосесијата на познатиот американски уметник Спенсер Туниќ, објави Ројтерс.

За потребите на фотосесијата, голите тела на учесниците се покриени со бела боја, која ги симболизира столбовите на сол во природните извори на Мртвото Море, како и упатување на библиското верување за сопругата на Лот, која била претворена во столб од сол.

Оваа демонстрација е дел од кампањата за да се покаже колку е важно да се зачува Мртвото Море.

Туник работи со голи тела во последните 10 години. Тој ги фотографира на начин што ја покажува нивната интеракција со околината.

Ова е негово трето уметничко дело во близина на Мртвото Море.

Тагови

Поврзани вести