
Неколку стотини пожарникари денес го гасат шумскиот пожар кој избил на периферијата на Сиднеј, каде температурата е невообичаено висока за овој период од годината, соопштиле австралиските власти.
Полицијата соопштила дека отворила истрага за причината за пожарот кој избил во саботата доцна попладне, на југозападот на Сиднеј.
Во пожарот изгореле 2.430 хектари шума, додека домовите во близина биле евакуирани, но ниедна куќа не била оштетена, навеле локалните власти.
Во Австралија овие денови температурите се околу 30 степени Целзиусови, што е невообичаено топло за овој период во таа земја, каде летата се топли и суви.









