Македонија

Стоп за секое исечено дрво во Галичник

„Кажете стоп за секое исечено дрво во Галичник, кое дава живот за сите нас“ е паролата што месната заедница Галичник ја испрати на адресата на националниот парк „Маврово“, кое, меѓу другото, стопанисува и се грижи и за природното богатство на овој микрорегион, како дел од Националниот парк. Целта на апелот е јасна, да се спречи уништувањето на шумата на две локации: на шумата спроти селото, на потегот на двете страни на патот во правец кон црквата „Св. Петка“, оддалечена на 5-6 километри и на шумата на двете страни на регионалниот пат Маврово – Галичник, низ планината Бистра. Месната заедница Галичник укажува дека шумата се сече неплански, неодговорно, се прави пустош, на местата се оставаат и отпадоци.

Тагови

Поврзани вести