
Еѓипјаните на робовите, кои ги граделе пирамидите, им давале лук, основа на стариот тибетантски лек е исто така овој продукт, на Кавказ бил во основата на исхраната…
Продуктот и нејзината моќ е позната од давнина, познат е по лекување на многу заболувња а и денешната, современа медицина го признава како лековит во превенција и лекување…
Она што е познато, е дека лукот бил на прво место за намалување на крвниот притисок и чистење на крвните садови намалувајќи го нивото на холестерол. Потоа лукот е најмоќен природен антибиотик, антиоксиданс па дури и антидепресив, а делува и против габични заболувања и паразити.Овој волшебен продукт се нашол на прво место на природните „борци“ против рак и карцином.
Сето наведено е веќе нашироко познато и проверено ефикасно кога станува збор за лукот, но дали знаевте дека овој продукт успешно делува и во борбата против стареењето?
Направете ја оваа смеса и значително ќе го успорите стареењето на целиот организам.
Подготовка: 10 главички, исчистени, лук ставете во блендер. Додајте 1 килограм мед и исцедете сок од 10 лимони. Смесата убаво изблендирајте ја и префрлете во стаклен сад. Префрлете на ладно, најдобро во фрижидер.Конзумирајте по 1 лажичка наутро и навечер.
Сите јадеме лук, а не сме ни свесни што му прави на срцето
Сите знаеме дека е здрав, а сега тоа е и официјално потврдено. Еве за што се работи…
Светската здравствена организација неодамна објави дека лукот, како додаток во исхраната е одличен лек во борба против хиперлипидемија и атеросклероза.
Конечно некој се сетил да го докаже она што го слушаме откако знаеме за себе – лукот е извор на здравје.
Како додаток во исхраната, се препорачува за пациенти кои патат од вишок маснотии во крвта, васкуларни проблеми, повишен крвен притисок…
Метју Бадоф е лидер на истражувањето, со кое се донесени нови докази за предностите на лукот во лечењето срцеви заболувања.
Научниците ја следеле состојбата на 55 испитаници на возраст од 40 до 75 години, кои патат од повишен крвен притисок, дебелина и кардиоваскуларни болсети. Измерена е количината на маснотии и калциум во нивните артерии.
Истражувањето траело година дена.
На една група и е даван плацебо, а на останатите 2,4 мг екстракт од лук – кај нив притисокот во артериите се намалил за 80 отсто.
Откриено е и антибактериско дејство на оваа лековите состојка.
Со тоа што спречува висок крвен притисок во артериите, го успорува развојот на кардиоваскуларни болести. Лукот е одличен чувар на здравјето.
Лукот не мора да биде само лек, туку и одлична превентива. Затоа не чекајте да биде доцна, веднаш додајте го во исхраната.