Македонија

Ставен под контрола пожарот кај Блаце

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, рано утрово извести дека пожарот што вчера вечерта изби крај патот, Скопје-Блаце, успешно е ставен под контрола.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, рано утрово извести дека пожарот што вчера вечерта изби крај патот, Скопје-Блаце, успешно е ставен под контрола

Во гаснењето на пожарот беа вклучени повеќе екипи, од кои два полициски и еден армиски хеликоптер, и исто така за прв пат беа ставени во употреба новите возила на ДЗС, еден Пинзгауер и еден Хермелин. Пожарот зафатил поголема површина, но со помошта на хеликоптерите е локализиран и ставен под контрола.

Ангелов најави дека за повеќе информации повторно ќе извести од терен.

Тагови

Поврзани вести