Вести

Срушени дрвја, оштетени покриви и бандери во невремето што ја зафати Битола

Битола доцна синоќа, па се до раните утрински часови ја зафати невреме проследено со силни ветришта. Таквото невреме предизвика одредени штети.

Во невремето најмногу настрадаа дрвјата, неколку бандери, а имаше и откорнати покриви.

Во центарот за управување со кризи изјавија дека и покрај силното неверме до нив нема пријавено големи штети.

Најмногу штети се пријавени од граѓани за откорнати дрвја, па така денеска најмногу работа имаа работниците на ЈП „Комуналец“.

Тагови

Поврзани вести