Забава

Среќен роденден Рипко, Спанко, Очичка и Инспектор Томе

Четирите верверички кои пред една година како мали бебиња биле најдени на Водно и донесени во Зоолошката градина – Скопје, го прославија првиот роденден. Вработените од ЗОО на малите Рипко, Спанко, Очичка и Инспектор Томе им подготвија роденденски подароци и торта со замрзнато овошје.

 Нашите верверчки го прославија првиот роденден. Точно пред една година, еден хуман човек се јави дека ги пронашол на Водно, мали непрогледани, а ние ги земавме. Со секојдневно хранење по седум шприца млеко на секои два часа и дење ноќе, трите дами и господинот пораснаа. Да сте ни живи и здрави – напишаа од ЗОО на Фејсбук.

Тагови

Поврзани вести