Македонија

Средношколци во Преспа старите гуми ги претворија во корпи за отпадоци

Млади луѓе средношколци од С.О.У. ЦАР САМОИЛ од Ресен, користејќи употребени гуми, покажаа дека имаат оригинална идеја, наместо да завршат на некое буниште запалени.Тие направија корпи за отпадоци за училишниот двор.

Целта на овој проект не е само за да се обезбеди простор каде да се фрла отпадокот, туку да се види како дел од младите размислуваат за подобро општество во цела оваа негативност која не има обземено повеќето.

,,Штом 15 – члена група на млади луѓе чувствува одговорност кон оваа земја која ни е нам поклонета, значи можеме сите. Дајте да ја согледаме ситуацијата на нашето живеалиште малку подалеку и поинаку од досегашново. Ова што е сега, можеби по неколку децении нема да го имаме. Оваа земја не заслужува да биди уништена од нашата неодговорност. Со мали напори до големи промени.

Тагови

Поврзани вести