Македонија
Средношколците ја бојкотираат наставата поради загадениот воздух. Денеска ќе има марш во Скопје
Учениците имаат право да се самоорганизираат низ неформални форми на здружување - велат од „Меѓаши“
Средношколци од повеќе средни училишта во земјава денеска ја бојкотираат наставата како форма на револт против високото загадување во земјава. Тие се придружуваат на денешниот „Марш за нашите животи! СТОП за 3.500 жртви од загадениот воздух!“ организиран од „Зелениот фронт“.
Маршот ќе почне во 17 часот пред Министерството за животна средина и ќе продолжи пред Владата во 18 часот.
– Учениците се веќе вратени на настава. Не ја бојкотираа сите ученици, туку само една група. Сите се веќе вратени на настава – ни изјави тој.
Од скопскиот разгранок на „Петоци на иднината“ („Fridays For Future“) информираа дека на учениците неколку дена им се вршени притисоци од страна на директори на средни училишта денеска да не ја бојкотираат наставата и да не учествуваат во маршот.
Арсовски вели дека тоа апсолутно не се случило во „Корчагин“.
Од детската амбасада „Меѓаши“ изјавија дека никој не смее да им го ограничува правото на глас на учениците.
На 29 ноември во Скопје се одржа масовен протест за чист воздух. Предводени од младите, илјадници граѓани присуствуваа на протестниот марш за да го изразат својот револт. Организаторите и за денеска најавуваат масовен протест, на кој ќе се приклучат и многу средношколци.