Македонија
Срамен ден за пазарната инспекција
Бизнисмените се обратија на пазарната инспекција: Не сме убијци за казни од илјадници евра
Две години се бориме да преживееме, а на сето тоа добиваме и казни реагираат дел од угостителите од Гевгелија. Еден од нив организираше собир пред неговиот објект и се пожали на казната од 7000 евра која му била изречена бидејќи инспекцијата во објектот затекнала неколку гости без сертификат. Низ плач тој ја објасни тешката финансиска ситуација во која се наоѓа неговиот бизнис и побара поддршка од колегите и сограѓаните.
Од Државниот пазарен инспекторат се правдаат дека Гевгелиските угостителите не се единствените кои се предмет на инспекциски надзор. Контроли биле правени на територијата на цела држава и секаде каде што се констатирани прекршувања на законот имало соодветни санкции. Во изминатите два викенди само по однос на контраверзниот дискриминаторски “законот за заштита на населението” од заразни болести биле затворени 15 објекти во повеќе градови.
Полицијата и инспекторат заедно со УЈП контроли правеле и во текот на овој викенд. Синоќа предмет на надзор биле угостителски објекти во Кавадарци и Кочани. Во двата града биле затекнати 67 лица без ковид сертификати, додека кај двајца од гостите се утврдило дека сертификатот што го поседуваат е лажен. Поради непочитување на законските обврски еден од контролираните објекти во Кавадарци е запечатен, со ова се пофали инспекторатот.
Срамно е за државата да спроведува вакви мерки на терор со оправдувања за некакви си сертификати за безбедност за кои сега е повеќе од јасно дека не нудат никаква безбедност, напротив привилегираат група на граѓани кои имаат сертификати слободно да ја шират и пренесуваат заразата.