Живот

Со која физичка активност се трошат најмногу калории?

Иако прецизната пресметка зависи од тежината, годините и други фактори, овие податоци за потрошувачката на калориите при вршење на одредени спортски активности можат да ви помогнат во слабеењето.

Ако одлучивте во текот на првите есенски денови да почнете да се занимавате со некој спорт, поради тоа што сакате да го загубите вишокот на килограми, можеби ќе ви помогнат податоците за тоа преку која активност колку точно калории можете да согорите.

Секако, попрецизни податоци се добиваат со пресметка и притоа предвид се земаат тежината, годините, староста и уште некои други фактори, но и овие споменативе ќе ви бидат доволно добар водич при донесување на конечната одлука.

Пливање – За еден час пливање ќе согорите од 720 до 840 калории. Со полесно темпо на пливање губите 528 калории, додека со најбрзото можно темпо може да согорите дури и до 892 калории.

Велосипедизам – За еден час возење на велосипед можно е да согорите и до 1.000 калории. Жените со просечна тежина согоруваат по 850, додека мажите дури 950 калории.

Прескокнување на јаже – За еден час прескокнување на јаже мажите ќе загубат 850, додека жените 750 калории.

Трчање – Можете да согорите 1.074 калории ако трчате брзо, односно 12 километри на час, а доколку се одлучите за побавно трчање (8 километри на час), ќе загубите 755 калории. При брзо трчање трошите 33 отсто калории по минута повеќе отколку при бавно трчање.

Трчање на лента – 819 калории.

Зумба – После еден час зумба можете да имате од 400 до 700 калории помалку. Зумбата е одлична, посебно за жените, бидејќи ќе ви го оформи телото многу поубаво отколку ако вежбате аеробик или пилатес.

Планинарење – Ќе потрошите помеѓу 400 до 700 калории за еден час. Во просек 546.

Фудбал – 937 калории.

Тагови

Поврзани вести