Македонија
Со едно електрично полнење ќе се вози до 80 километри низ скопската зоолошка градина
Зоолошката градина во Скопје го поднови својот возен парк со електричен еко минибус наменет за прошетки на посетителите во зимскиот период. Новиот екобус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри.
Засега ова е првото возило што го добива Зоолошката градина. Директорот на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски и сопствениците на „Брегал“ склучија меморандум за донација и меѓусебна соработка.
– Зоолошка градина во Скопје ги следи еколошките стандарди и во иднина целиот возен парк ќе биде префрлен на електричен погон – најавуваат од ЗОО Скопје.