Македонија
Со среќно добредојде од ЛЕОНА пречекани првачињата на првиот училишен час!
Различен старт и нова наставна програма. Денес, 1 октомври е новиот почеток на училишната година. Во време на пандемија, што го засегна целиот образовен процес, првачињата со рестриктивни мерки, за прв пат седнаа на училишните клупи и започнаа нова возбудлива фаза од својот живот.
И покрај новонастанатата ситуација брендот Леона останува со традицијата да ги израдува најмалите за првиот училишен ден, оваа година во сите училишта во општина Карпош, Јахја Кемал и училиштата во Свети Николе. Првиот час го започнаа со слатко изненадување кое ги пречека на училишните клупи, пакет слатки производи “Среќно прваче”.
По сите месеци на затворање и виртуелни врски, децата единствено сакаат да бидат физички присутни еден до друг. Дистанците и бариерите сепак не го сменија сјајот во очите на децата, а подарокот од Леона само ја надополни среќата и радоста кај нив.
Оваа акција има за цел, првачињата да се почувствуваат добредојдени на првиот училишен ден.
Компанијата “Лион ДОО” покажува грижа за најмладите и секогаш е тука за нив.