Забава

Сочни мафини со чоколадо на Леона

Мафини може да се направат на илјада и еден начин, но секогаш проверена опција е со парчиња чоколадо за готвење на Леона. Нема некој кој ќе најде мана на ваков десерт. Затоа еве една брза и едноставна рецепта за подготвување на превкусни чоко залачиња.

Состојки:

  • 400 гр Екстра бело брашно
  • 2 јајца
  • 125 мл масло за готвење
  • 250 мл млеко
  • 200 гр шеќер
  • 3 супени лажици прашок за печиво
  • 1 супена лажица сол
  •  100 гр растопено чоколадо за готвење ЛЕОНА
  •  шлаг
  • трошки од изрендана бела чоколада ЛЕОНА

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад ги матиме јајцата со миксер 1 минута. Потоа ги додаваме маслото и млекото и продолжуваме со матење. За кусо време го додаваме и шеќерот и продолжуваме со матење се додека не добиеме мазна смеса.
  2. Потоа ги додаваме брашното, прашокот за печиво и солта. Матиме уште 2-3 минути. Во смесата го додаваме чоколадото ЛЕОНА растопено на пареа.
  3. Смесата ја претураме во калапите за мафини во кои имаме ставено хартиени мали корпи.
  4. Печеме во претходно загреана рерна на температура од 180 степени помеѓу 20 и 25 минути.
  5. Откако ќе се оладат, секој мафин го декорираме со рендани парчиња од бела чоколада за готвење на ЛЕОНА.

Овој рецепт ќе ги воодушеви сите и поради вкусот на мафините, но и со нивниот беспрекорен изглед.Уживајте во убавите вкусови!

Тагови

Поврзани вести