Македонија

Соработка, поддршка и заеднички проекти за поголем просперитет, напредок и успех

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ДЕОСОЛ Медиа и Интернационалниот универзитет "ЕУРОПА ПРИМА"

Изминатата недела е официјализирана и унапредена долгогодишната соработка помеѓу ДЕОСОЛ Медиа и Интернационалниот универзитет “ЕУРОПА ПРИМА” со потпишување на меморандум за соработка помеѓу Ректорот на универзитетот Д-р. Александар Трајковски и Дејан Станчевски од ДЕОСОЛ Медиа.

На потпишувањето присуствуваа и дадоа поддршка Деканот на факултетот за филмски уметности М-р. Елена Бојаџиева Цветковска, професорот по филмска и ТВ камера М-р. Горан Наумовски, Александар Терпини, а истата е поддржана и од претседателот Д-р. Јордан Плевнеш.

Соработката подразбира размена на информации од заеднички интерес, споделување на нови и тековни искуства, креирање и учество на настани од областа на филмските уметности кои ќе придонесат за едукација и инклузија преку развој на писменост, способност и практична настава на студентите во секторот за видео продукција , филмски уметности и фотографија во проектите и работата на ДЕОСОЛ Медиа, изјави Дејан Станчевски.

На Универзитетот Еуропа Прима студентите имаат можност да студираат на едни од најатрактивните катедри кои се дел од креативните индустрии како едни од водечките професии во моментов. Додипломските и постдипломски студии овозможуваат интелектуален и креативен процес кој е пресуден за развивање на талентот што го поседуваат студентите. Трите факултети (фаултет за филмски, театарски и музички уметности) се во симбиоза преку која едни со други се надополнуваат и овозможуваат соработка и во иднина, вели Елена Бојаџиева Деканот на факултетот за филмски уметности.

Ректорот на универзитетот Д-р. Александар Трајковски вели дека за Универзитетот особено е значајно воведувањето на Дефицитарни катедри од областа на аудиовизуелните уметности, како што се: фотографија, анимација и звучен инженеринг. Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима е единствената високо – образовна институција во Македонија на која што се образуваат кадри за овие професии. Ние ги едуцираме студентите да бидат технички квалификувани, визуелно описменети и креативно подготвени за светот во којшто влегуваат.  Од неодамна значаен дел има и програмата Еразмус од која сме дел, преку која имаат можност да искусат и пренесат дел од европските искуства на исти или слични факутети со кои имаме соработка.

Навистина убав пример за соработкa, поддршкa и учество во заеднички проекти кои секако ќе донесат поголем просперитет, напредок и успех во иднина.

Тагови

Поврзани вести