Живот

Сопствениците на имот во Студенчишко блато бараат да се цени вредноста на тоа што го поседуваат

Жителите кои имаат свои имоти во делот на Студенчишкото блато  се мобилизираа на јавната расправа по Нацрт Законот за прогласување на Блатото за заштитено подрачје парк на природата.

Тие велат дека го поддржаа законот но побараа валоризација на имотите, усогласување на заедничките интереси, зачувување на вредноста на нивните имоти ,оддржливо користење и активности кои овозможуваат економски просперитет на сопствениците. Според нив треба да им се дозволи изградба на објекти за домување бидејќи имотите им биле во зоната на оддржливо управување но согласно Планот за управување со охридскиот регион.

Градоначалникот Пецаков потенцира дека има многу нејаснотии помеѓу ставовите на сопствениците на земјиштето  од една страна и оние кои го предлагаат законското решение од друга страна ,додавајќи дека низ комуникација и добро објаснување на работите може да се дојде до квалитетни решенија .

Инаку додека трае постапката за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата Парк на природата локалитетот е привремено заштитен согласно Законот за заштита на природата, пренесува Сител.

Тагови

Поврзани вести