Клима
Сончево и топло со температури до 27 степени
За утрешниот ден синоптичарите најавуваат дека во целата земја ќе има сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец

Во Скопје, времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе биде од осум степени наутро, до 26 Целзиусови степени во текот на денот.
И за утрешниот ден синоптичарите најавуваат дека во целата земја ќе има сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура утре ќе биде од три до 10 степени, а во текот на денот од 19 до 28 Целзиусови степени.