Клима

Сончево до 25 септември, потоа многу поладно и врнежливо!

Под влијание на Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кое е распространето над најголем дел од Европскиот Континент  и целиот Балкански Полуостров, како што претходно најавив и кажав, до 25 септември во  Македонија останува стабилно, суво и сончево со поладни утра кога минималните температури во поголем дел од Македонија ќе се спуштаат под 10 степени, а локално особено на повиоски и на планинските места тие ќе се спуштаат под 5 степени.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени. Во Скопје исто така ќе имаме сончево и стабилно време, наутро температурата ќе се спушта до околу или за некој степен под 10 степени, а максималната дневна температура овие денови ќе се искачува до околу 30 степени.

За време на овој период ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец..

Веќе од 26 септември настапува поголема промена на временската состојба во Македонија  и целиот регион. Тоа значи ќе имаме зголемување на облачноста, многу повеќе врнежи, продор на многу поладен воздух од север па дури и можна појава на снег на планинските места ширум регионот и во нашата Македонија, се на се од 26 септември па натака ни започнува вистинската есен.

Тагови

Поврзани вести