Свет

Сонцето во град на Аљаска зајде за последен пат годинава, повторно ќе изгрее за 60 дена

Град на Алјаска се збогува со сончевата светлина во следните два месеци. Сонцето зајде во градот Уткиагвик, порано познато како Бароу, за последен пат во четвртокот, и повторно ќе изгрее за околу 60 дена.

Градот кој се наоѓа северно од Арктичкиот круг влезе во својата годишна фаза на темнина, позната како поларна ноќ, пишува СиЕнЕн.

„Поларната ноќ е нормална појава што се случува секоја зима во Бароу (Уткиагвик) и сите други градови во Арктичкиот круг“, рече метеорологот на СиЕнЕн, Алисон Чинчар.

Феноменот се јавува секоја зима поради наклонот на Земјината оска. „Заради тоа навалување, ниту еден сончев диск не е видлив над хоризонтот“, вели Чинчар.

Но, тоа не значи дека ќе има целосна темнина во градот. „Поголемиот дел од дневните часови ќе поминат низ период познат како граѓански самрак“, додава тој.

„Замислете како изгледа небото непосредно пред изгрејсонцето или веднаш по зајдисонцето“, вели тој. „Тоа е она што тие го гледаат неколку часа на ден, од сега до 22 јануари, кога сонцето повторно „официјално“ ќе изгрее “.

Градот не е единствениот на Алјаска што го поминува овој феномен, но тој е прв на листата на поларни ноќни локации поради тоа што е далеку на север.

Инаку, во текот на летото постои спротивна појава, позната како поларен ден, кога  „денот трае“ 24 часа.

Тагови

Поврзани вести