ЕдукацијаЖивот
Совети за Еко возење
Многумина од возачите не знаат, многумина не се доволно информирани, многумина не веруваат, но истражувањата и фактите покажуваат дека со промена на навиките на однесување во сообраќајот и со промена на техниките на управување на моторно возило може да се заштеди гориво, да се заштедат средства, да се заштити животната средина и да се направи патниот сообраќај да биде побезбеден

Еве неколку корисни совети за возење автомобил во зима
Загревање и стартување на моторот на возилото. Новите возила и новите техники и технологии кои се имплементирани во современите возила, ја елиминираат потребата од неколкуминутно загревање на моторот на возилото во статична состојба. Препорачливо е да се стартува моторот и веднаш да се придвижи возилото со ниско ниво на оптеретување – обртаи на моторот, со што тоа ќе се загрее во движење. Така се заштеди гориво и емисија на штетни гасови.
Правилно менување на брзините. Кај возилата со рачно менување на брзините неопходно е менувањето на брзините да биде оптимално и контролирано, за да се оневозможи движење на возилото со поголем број на обртаи на моторот. Кај возилото со автоматски менувач на брзини, важно е да се врши постепено забрзување на возилото со тоа и автоматски и оптимално менување на брзините. Возилата кои имаа вградено и кај кои што функционира „Start-Stop“ системот се најефикасни во тој поглед и најмногу заштедуваат од потрошувачката на гориво. „Start-Stop“ системот го исклучува моторот секогаш кога нема потреба тој да работи, што претставува особено практична карактеристика во урбаната средина, со што значително се намалува потрошувачката на гориво. ,,Start-Stop’’ системот се активира автоматски, откако моторот ќе стартува и може рачно да се прекине во кое било време.
Според некои проценки при брзина од 50 км/ч, ако возилото е во четврта брзина заштедува до 10% од потрошувачката на гориво во споредба со истата брзина во трет степен на менувачот.
Возење со константна брзина и држење растојание помеѓу возилата. Наглото забрзување и забавување на возилото, наглото запирање и наглото стартување на возилото е небезбедно и значи поголема потрошувачка на гориво и поголема емисија на штетни гасови.
Правилен товар. Товарете го оптимално вашето возило и товарете го првенствено внатрешниот дел на возилото. Додатните – помошни средства на покривот на возилото ја нарушуваат неговата аеродинамичност, ја загрозуваат безбедноста и ја зголемуваат потрошувачката на гориво.
Проверувајте го притисокот на гумите. Редовно проверувајте го притисокот на гумите. Ако притисокот на гумите е помал од пропишаниот, нивниот отпор при тркалање е повисок од нормалниот, а со тоа се зголемува и потрошувачката на гориво. Промената на надворешната температура влијае на притисокот на гумите.
Потрошувачка на енергија. Сите електрични системи во возилото се напојуваат со енергија од моторот. Оттука, колку повеќе ја користите електричната енергија во возилото, толку повеќе трошите гориво. Клима уредот црпи енергија од моторот. При високи температури, потрошувачката може да се зголеми за 25%. Затоа, прилагодете го клима уредот со разлика од надворешната температура од 4 до 5°C. На тој начин покрај заштеда на гориво исто така ќе се заштитите и од температурните шокови при влез и излез од возилото.
Затворени прозорци. Ќе заштедите гориво ако возите со затворени прозорци и го користите системот за вентилација за проветрување на возилото.
Со еко-возење потрошувачката на гориво може да биде намалена и до 30%, а исто така и сообраќајните незгоди на патишта може значително да се намалат. Затоа практикувајте еко–возење, наместо агресивно возење.
И покрај тоа што „Форд“ во својата понуда има хибридни автомобили, и понатаму ги развива класичните кои се со мотори со внатрешно согрување. Ова со цел за намалување на потрошувачката на гориво. Но, и самите возачи можат многу да придонесат за намалување на потрошувачката.
- Постојано да се трудат, при возењето, преку гас-педалот бројот на вртежи на моторот да го одржуваат околу оптималната вредност при која се троши најмалку гориво.
- Внимателно следејќи ги условите на патот и оддалеченоста од другите возила, да избегнуваат ситуација на нагло забрзување и кочење.
- Да го избегнуваат користеењето на клима-уредот во летните месеци затоа што тој е значаен потрошувач на гориво.