Македонија

Снежниот бран пристигнува викендов се прогнозира вистинска зима

Метеорологот Славчо Попоски со најнова метео најава за снежни врнежи во земјава. Според неговите прогнози овој пат подолго ќе имаме снег. 

Иако зимата сеуште календарски не започнала, сепак веќе ни пристигнува и вториот уште поголем и подолготраен снежен бран за оваа сезона. Овој снежен бран ќе трае два дена (петок и сабота).

Во поголемиот дел од Македонија врнежите ќе бидат од снег и тие ќе бидат обилни (освен на некои пониски места каде ќе врне дожд, особено во централните и во југоисточните предели). На планините и на скијачките центри до сабота навечер ќе се формира снежна поркивка од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до околу половина метар. На пониските места со надморска височина од 500 метри па нагоре таа ќе изнесува од 5 до 10 сантиметри, понекаде и над 20 сантиметри, прогнозира Попоски.

Снег ќе провејува и под 500 метри, особено во сабота. Со овој снежен бран, првите врнежи од снег за оваа сезона ќе ги има и во делови од Скопската котлина. На возачите и тоа поради очекуваните обилни врнежи од снег, ги советуваме крајно внимателно да управуваат со своите возила, особено ако се движат кон планинските превои и скијачките центри, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Температурите за време на викендот и тоа наутро некаде ќе се спуштат дури до околу -10 степени, на високите планини и под -10 степени. Многу студено ќе биде и преку ден со максимални дневни температури кој на повеќе места ќе останат околу нулата, понекаде тие ќе останат и негативни. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец (повремено и локално собрзина од над 60 км/час), вели метеорологот.

Тагови

Поврзани вести