Свет
Случајот Ѓоковиќ му ја покажа на светот суровоста и небулозите на австралиската политика
Министерот за имиграција Хоук денеска не донесе одлука за депортација на Новак Ѓоковиќ, рокот беше до 11:30 часот по средноевропско време, тој истече. Сепак не се исклучува можноста депортацијата да се случи во наредните денови.
Но, тоа денеска не се случи, австралискиот новинар Пол Сакал и останатите медиуми од оваа земја објавуваат дека министерот Хоук не донел одлука за депортација на Новак Ѓоковиќ што значи дека српскиот тенисер во моментов е слободен.
Сепак не е исклучена можноста Ѓоковиќ во наредните денови да биде депортиран од Австралија. Законот му дозволува на министерот за имиграции тоа да го направи во било кое време.
Самото тоа што министерот Хоук не го искористи денешниот ден за да го депортира Ѓоковиќ, влева оптимизам дека српскиот тенисер ќе настапи на Австралија опен.