Забава

Слоевите од облека не треба да бидам премногу дебели

Уметноста на облекување во слоеви сите ја применуваме во зимските месеци, а редењето една облека врз друга ни стана зимска „униформа“. Умешноста на прекривањето на телото во повеќе модни парчиња е клучна за да се згрееме кога е многу ладно. Но, миксот на облеката не треба да биде неорганизиран и конечниот изглед не треба да е како да сте се пренатрупале со премногу облека, туку пожелно е да се почувствува стилска хармонија.

2

 

Слоевите од облека што планирате да ги облечете не треба да бидам премногу дебели, бидејќи ќе изгледате гломазно. Може да си дозволите едно дебело парче, најчесто тоа е капутот/ јакната/ бундата, останатите елементи се потенки. Внимавајте долните парчиња да бидат од природни материјали кои ќе му дозволат на телотот да „дише“, во спротивно ќе се „сварите“. Мешајте различни ткаенини и текстури, а најдобро изгледа кога сите парчиња облека ѕиркаат по малку.

3

Миксот на кошула, блејзер и капут е класика, трио кое секогаш нуди елеганција.

4

Какви бои да изберете?! Успешен микс ќе постигнете ако изберете неутрални тонови во некои од слоевите, што допринесува за софистицираност на комбинацијата и го намалува ризикот од грешка. Одете на беж, темносини и сиви тонови.

7

Крзното е добра завршница на секоја комбинација. Кај стрендсетерките забележавме доста комнинации со бундичка облечена врз сако, под кое пак има кошула, фустан или ролка.

8

Јакните со пердуви се задолжителни во зима. Добро грејат, ама за секој случај одоздола можете да облечете и ролка, кожена јакна, и плус комбинацијата да ја засилите со дебел шал.

9

Мешањето на ткаенини е добродојдено, ама да не претерате и да направите стилски хаос. Памук, волна, кожа, џинс, крзно, фланел… може да биде премногу ако сите заедно се употребат. Почнете со памучна база, додадете нешто волнено, нешто со текстура и тоа е сосем доволно. Исто така во однос на мешањето на шарите, задржете се на истата колор-шема или на принтови од ист стил.

11

Малку гранџ изглед ќе воведете ако во миксот вметнете карирана кошула. Како и во претходните стајлинизи и кај овој стил препорачуваме да го следите инстинктот, своето модно познавање и примерите од улична мода. Погледнете само колку океј изгледа комбинацијата на девојката на горната фотографија коа што иако облекла повеќе слоеви – ролка, карирана кошула, тексасна јакна, потенка јакна и предимензионирана јакна поставена со крзно – постигнала успешна комбинација!

12

 

Тагови

Поврзани вести