Македонија
Следува стабилизирање на времето и покачување на температурите
Во текот на претпладнево сеуште локално ќе има повеќе облаци а врнежите насекаде ќе престанат.
Во попладневните часови и до крајот на денов облачноста насекаде ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Во Скопје и околината до крајот на денов облачноста ќе се намалува, ќе дува слаб ветер од источен и од југоисточен правец. Максималната дневна температура на воздухот ќе достигне до околу 14 степени.
Потоа во следните неколку денови, под влијание на стабилна, сува и потопла воздушна маса, времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Особено во среда ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува. Сепак наутро ќе биде постудено, особено утре кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Максималните дневни во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 11 до 19 степени.