Македонија

СЛЕДУВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА

Денес времето во Македонија е сончево и топло со умерена облачност. Кон крајот на денов облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје и околината времето е со умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 21 степен.

Потоа од утре следува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Особено од среда температурите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека на повисоките планини ќе има и повремен снег.

Тагови

Поврзани вести