Клима
Следуваат денови со многу сонце – Сепак екстремно високи температури не се очекуваат
Понатаму атмосферата целосно ќе се стабилизира и во текот на следните денови нашата територија ќе биде под влијание на стабилна и сува воздушна маса, која ќе условува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе бидат околу просекот за овој дел од годината и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38, 39 степени во најтоплите предели од државава.
Особено по Повардарието и тоа до сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Сепак УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).
И во Скопскиот регион во следните денови ќе имаме стабилно, суво и сончево време со попријатни температури кој ќе се искачуваат помеѓу 35 и 36 степени. Ќе има и мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец, и тоа особено до сабота.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука