Македонија
Следната недела голем пораст на температурите, детална анализа
Како што најавивме веќе во текот на следната недела и покрај тоа што не очекуваме целосна стабилизација на атмосверата што значи дека и понатаму ќе има локална нестабилност и врнежи, сепак нашата територија ќе подпадне под влијание на поизразено јужно воздушно струење кое ќе услови од Африка кон нашата држава да дојде до продор на значително потопло воздух кој ќе услови значителен пораст на температурите на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачат над 20 степени. Во најтоплите региони од државава може да очекуваме и температури близу 30 степени.
Сето ова ќе биде проследено и со ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено ќе биде и засилен по интензитет. Во продолжение погледнете ги очекуваните температури за следната недела во нашата држава:
Инаку долгорочните анализи и понатаму остануваат исти, односно големи се условите дека следните месеци, особено летните ќе бидат значително потопли од вообичаеното што значи може да очекуваме почести и поизразени топли бранови од северните предели на Африка.