Живот
Следната година треба да почне да се гради регионална депонија во светиниколско
Најдоцна до крајот на годината треба да биде распишан тендерот за изградба на регионална депонија кај светиниколското село Мечкуевци, кадешто ќе се депонира отпадот од целиот Источен и Североисточен регион. Ова е крајниот рок, но постои оптимизам, дека тоа би можело да се случи и наредната недела, бидејќи како што велат од Министерството за животна средина, во моментот тече постапката за превод на тендерската документација. По потпишувањето на договорот, регионалната депонија треба да биде готова за две години

„Потребно е да се инвестира во рехабилитација на патот којшто води до регионалната депонија и на тоа се работи. Се додека ние не покажеме дека имаме посветеност и си ги извршуваме нашите задачи од којшто ќе зависи работењето на таа идна инсталација. Во меѓувреме ги усогласивме сите работи и тендерот, се очекува во најскоро време да биде објавен„ изјави Ана Лашкоска, заменик министер за животна средина
Во меѓувреме проектот регионална депонија е во преоден период. Се работи на затварање и рехабилитација на старите депонии.
„Во овој преоден период во рок од две години ќе има времени депонии каде што ќе има навистина претовар или донесување на отпад од други општини, но тоа е само преоден период. Во Кочани, сега е сменета ситуацијата, изведувачот веќе работи таму и на рехабелитацијиа, такашто во конечната фаза ќе има едно централно место каде ќе има постројка и за третман и за одложување на отпадот, а депонијата во Кочани ќе се затвори конечно„ изјави Теофанис Лолос-директор на проектот
Регионалната депонија ќе треба да опслужува околу 370.000 жители од двата региони и би имала вкупен капацитет да прими 900.000метри кубни отпад. Предвидени се да бидат изграден претоварни станици за отпад во шест општини, а во Мечкуевци да биде главната постројка каде отпадот ќе се преработува по европски стандарди. Проектот чини околу 40 милиони евра, средства обезбедени од Европската Унија.