Здравје

Сладолед од ананас и манго

Домашниот сладолед од манго и ананас е вистински летен десерт, бидејќи вкусот на тропското овошје ќе ве освежи

Ќе ви требаат само неколку состојки за да го направите овој сладолед, а рецептот не вклучува многу шеќер, што значи дека ќе добиете здрав и вкусен десерт!

Потребни состојки:
  • 200 грама ананас
  • 1 манго
  • 0,5 литри кокосово млеко
  • 2 лажици сируп од агаве
Начин на подготовка:

Во блендер измешајте кокосово млеко, парчиња ананас и манго додека не добиете соединета смеса. Пробајте ја, па по желба додајте сируп од агаве, мед или некој друг природен засладувач. Можете да ја истурите смесата во калапи или во садови од јогурт и да забодете стапче или можете да ја истурите во правоаголен сад за да добиете сладолед што ќе го вадите со лажица. Ставете го во замрзнувач минимум 6-8 часа. Послужете го со парчиња овошје, прелив од чоколадо или наросете јаткасти плодови озгора.

Тагови

Поврзани вести