Енергетика
Скутер со соларни панели?
Екологијата на прво место. Така би можел да се нарече електричниот скутер „лајтфут“. Принципот на неговата работа е едноставен – класичен скутер напојуван од соларни панели монтирани на неговите страни.
Благодарение на панелите, досегот е до 30 километри дневно, што е сосема доволно за возење низ град. Максималната брзина е 32 километри на час. Го измислил австралискиот инженер Сол Грифит, а го произведува стартапот „Одерлаб“.
Производителот ги уверува потенцијалните купувачи дека панелите не се толку жешки за да ја изгорат внатрешноста на нозете на возачот. Еден од панелите може да се отвори, давајќи пристап до заклучен, водоотпорен простор за складирање од 42 литри.
„Лајтфут“ може да се вози по патишта и велосипедски патеки и не е потребна возачка дозвола во САД. Информациите за статусот на батеријата, моменталната брзина и другите параметри се прикажуваат на водоотпорниот ЛЦД-екран на допир.
Инженерот Сол Грифит е коосновач на стартапот „Одерлаб“ од Сан Франциско.
Извор: forbes.n1info.rs