Македонија
Скопје утринава повторно меѓу 10 најзагадени градови во светот по квалитетот на воздухот
Скопје утринава повторно е меѓу 10 најзагадени градови во светот по квалитетот на амбиенталниот воздух.

Скопје утрово повторно се најде меѓу 10-те најзагадени градови во светот. Според последните меѓународни извештаи за квалитетот на воздухот, македонската престолнина котира на 10-та позиција.
И покрај бројните напори, планови и ветувања за намалување на загаденоста, проблемот продолжува да ги оптоварува граѓаните, со сериозни последици по здравјето, особено за најмладите, хронично болните и постарите лица. Граѓаните се принудени да живеат во услови кои се слични на еколошка катастрофа, со постојано изложување на штетни материи во воздухот.
Последните мерења утрово покажуваат присуство на 60,3 микрограми на метар кубен ПМ2,5 честички, 68,6 микрограми ПМ10 честички што го прават амбиенталниот воздух нездрав со загадување од над 12 пати над дозволената граница препорачана од СЗО.