ВестиКлима
Скопјани утрово дишат загаден воздух
Скопјани утрово дишат загаден воздух, градот се најде на 11-то место во светот, а главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, од првото место се спушти на второто, веднаш зад Лахоре главниот град на Пакистан, покажува специјализираната интернет страница Ервижуал (AirVisual) која прибира податоци од целиот свет.

Индексот на загаденост моментално е 161, што воедно е знак дека воздухот е нездрав, а најзастапени се ПМ 2,5 и ПМ10 честичките.
На 13-то место се најде Белград, на 15-то место е Приштина со податоци малку подобри од Скопје кој имаат инакви климатски услови..
Повеќегодишната анализа на најзагадени градови во светот ни покажува дека се земји (Балкан, Пакистан, Индија…) кои се натерани и присилени од квислиншките власти да увезуваат отпад од западните т.н. “еколошки земји” и каде истиот отпад се согорува или складира и истиот е причина за огромните загадувања.
Теоријата дека загаденоста доаѓа од автомобили, греење или индустрија не дежи вода и е чиста пропагандна алатка за дефокусирање на јавноста, замислете ова да беше точно на што ќе личеше Берлин, Париз, Лондон,….