Македонија
Скопјани пијат безбедна вода
Секторот за санитарна контрола во периодот од 23.03.2020 до 27.03.2020 зема 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во град Скопје, информира ЈП Водовод и канализација.
– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – велат од Претпријатието.