Македонија
Скопјани не можат да здивнат од комарци
Влагата го наполни Скопје со комарци, а задутре ќе има вонредно прскање на територија на градот.
Ова го велат од службите на Град Скопје откако изминатите денови Скопје е под опсада на инектите кои се особено чести во тропските подрачја, но живеат насекаде.
Луѓето и самите велат – нема спас од комарците. Ни средствата за заштита не помагаат. Други се пошегуваа дека иако има многу комарци, нив не ги каснуваат. Но, сите го повикаа градоначалникот да реагира.
Од Град Скопје се оправдуваат дека досега повеќе пати е прскано против комарци и тоа со високо квалитетно средство. Четири пати авионско прскање, четири пати од земја. Последен пат се прскало завчера, од земја.
ПОРАДИ ИЗРАЗЕНАТА ВЛАГА ВО ВЕГЕТАЦИЈАТА КОЈА ПРИДОНЕСУВА ЗА ПОГОЛЕМО РАЗМНОЖУВАЊЕ, ВО КОНСУЛТАЦИЈА СО НАДЛЕЖНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ СЛУЖБИ, ГРАДОТ СКОПЈЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ВО ВТОРНИК ДА СПРОВЕДЕ ВОНРЕДНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ. ПОСЛЕДНАТА ФАЗА ОД АВИОНСКОТО ПРСКАЊЕ БЕШЕ ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА, ОДНОСНО НА 15 И 16 АВГУСТ, А ТЕРЕСТИЧНАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА СЕ ОДВИВАШЕ ОД 17 АВГУСТ ДО 21 АВГУСТ, СООПШТИ ГРАД СКОПЈЕ.
Ова не е првпат скопјани да не можат да здивнат од комарците, ниту пак слободно да шетаат надвор.
Од Градот речиси секогаш тврдат дека природа е во прашање и зголемената влага значително придонесува кон тоа. Имаше случаи и на задоцнети тендери и задоцнето прскање.