Македонија

Скопската вода од Рашче и натаму на второ место во Европа според квалитетот

Водата од изворот Рашче е природна, квалитетна и по својот состав и минерологијата, не само што е на второ место во Европа, туку е и од витално значење за здравјето на граѓаните и нивниот квалитет на живот. Високо-стручен тим во Секторот за санитарна контрола, го гарантира квалитетот и исправноста на водата за пиење од изворот Рашче, велат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје  по повод светскиот ден на водата.

„Квалтитетот на водата се потврдува преку испитувањата кои секојдневно се изведуваат во хемиската и микробилошката лабораторија кои се единствени акредитирани и сертифицирани лаборатории за изведување на таков тип на испитувања во нашата држава и чии резултати и постигнувања се потврдени од институции на европско и светско ниво”, вели Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Тагови

Поврзани вести