Свет

Скокнал да го спасува кучето , па едвај го спасиле (ВИДЕО)

Петмина полицајци направиле човечки синџир за да спасат 33 годишен маж , кого го извлекувале од замрзнатото езеро Мичиген. Тој сакал да го спаси своето кученце Пика , кое упаднало во езерото , па и тој пропаднал.

Мажот успеал да го извлече кученцето , но самиот останал заробен во студената вода.Од полицијата велат дека операцијата била многу тешка , бидејќи дувал силен ветар , а имало и големи бранови.

Мажот, откако бил спасен , бил однесен во болница, по што е во добра состојба. И кученцето е добро , зашто како што вели неговиот сопственик за прв пат го однел на прошетка покрај езерото и се случил инцидентот.

Тагови

Поврзани вести