Македонија

Сиљановска-Давкова ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2025/2026 година

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре ‒ 24 ноември, понеделник, ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2025/2026 година на 20 најдобри студенти коишто своето образование ќе го продолжат на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк”, со седиште во Солун.

Стипендиите се резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски” и Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк”.
Тагови

Поврзани вести