Македонија
Трипуновски од Ресен: Сите земјоделци од понеделник да ги пријават настанатите штети од ниските температури, за да се обесштетат
Денеска сум на работна посета во Ресен, утрово имав состанок со градоначалникот и со советниците. На состанокот разговаравме за ситуацијата која што го погоди овој регион, односно за ниските температури кои што беа изминативе денови, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-Сакам да информирам дека веќе денес на итна седница на Советот на Општина Ресен ќе се донесе одлука за прогласување на природна непогода, ќе се формира комисија за процена на штета и од понеделник ќе се објави Јавниот повик на кој што сите земјоделци треба да пријават ако имаат настанати штети од ниските температури во изминативе денови, појасни министерот.
Министерот Трипуновски ги повика сите земјоделци да ги пријават настанатите штети од ниските температури. Општинските комисии навремено да ги сработат сите барања и процени кои што се направени на терен.
-Ние како Министерство, како Влада ќе излеземе во пресрет и ќе ги обесштетиме сите земјоделци кои што претрпеа штета од овие ниски темперетури, нагласи министерот.