ЖивотПрирода
Сината супермесечина е поврсзана со духовноста и будењето
Феноменот на сина супермесечина ги застана за момент жителите на планетата Земја. Едни се воодушевија на портокаловата боја, иако се свесни дека бојата што ја гледаат потекнува од смогот, други очекуваа дека навистина ќе биде сина – како тегет. Воодушевени или разочарани, сината супермесечина ќе трае уште два дена.

Астрономите го кажаа своето пред синоќешното појавување на Месечината – сина супермесечина, сина е затоа што овој месец по вторпат е полна , а супермесечина е затоа што е најблиску можно до Земјата која не е топка туку елипса. И, феноменот ќе трае три дена за Земјаните.
Астролозите од друга страна даваат многу поголемо значење отколку атрактивните за око снимки кои доаѓаатѕ од Сао Паоло, Ерусалим, Бејрут ( таму не е портокалова), некаде во Шпанија и Битола.
Значи, ректата сина супермесечина според астролозите најавува радикална промена во животот на светската популација затоаљ што е поврсзана со духовноста и будењето или , како што вели основачката на организацијата „Сестри на Месечината“ од Париз, Франција Фрајда Марти, тоа е месечина погодна за свесност.
“Најзначајно секако е што синава супермесечина е во време на Аквариус, значи Водолија, и го истакнува нашиот однос со групите, заедниците, човечкиот колектив во целина. Астрономскиот феномен придонесува да станеме свесни дека еден период завршува (месечината е цела), но како и со нејзините месечеви смени, така и за човекот ова е знакот за новото време, кога треба да ги препознаеме и да се справиме со внатрешните конфликти и несигурности кои не спречуваат да се вреднуваме себеси, целосно да се вклучиме во тоа што го цениме, да преземеме акција за постигнување на целите кои ги посакуваме со сета одговорност за себе и сопствените животи. Ова астролозите велат и дека ова е време кога треба да се размисли за нашата врска со технологијата. Се на се, велат француските астролози, „Сината полна месечина во Водолија внесува динамична, речиси електрична енергија во нашите животи, мотивирајќи не да ја револуционизираме нашата реалност, да се ослободиме од стагнација.“
Извор: „Сестри на Месечината“