Клима
Силно невреме ја погоди Германија, вонредна состојба во Берлин
Невремето „Иленија“ во текот на ноќта ја погоди Германија, особено северните и источните делови, а зад себе остави паднати дрвја, уништени покриви на куќи и оштетени автомобили. Откажани се бројни летови, а „Дојче бан“ го прекина сообраќајот во неколку сојузни држави.
Германската метеоролошка служба до вечерва издаде црвени предупредувања за северот на земјата. Тие најавуваат и можност за торнадо.
Во текот на ноќта силен ветер од над 100 км/ч ја зафати земјава, особено во северниот, централниот и источниот дел на земјата. На Брокен во планините Харц измерени се 152 км/ч, пренесува Билд.