Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија , постои опасност од свлечишта
Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Танимбар во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕСМЦ).
Земјотресот се случи на длабочина од 49 километри, објави Ројтерс.Епицентарот на земјотресот е на 141 километар западно од градот Абепур.
Центарот за земјотреси и цунами во Индонезија соопшти дека земјотресот не може да предизвика цунами затоа што се случил на копно, но ги предупреди граѓаните да ги избегнуваат ридовите заради евентуални лизгање на земјиштето.
Засега нема извештаи за штети или повредени.
Во Индонезија, каде што живеат 260 милиони луѓе, земјотреси, вулкански ерупции и цунами се вообичаени затоа што се наоѓа на „огнениот прстен“ во Пацификот.