Вести

Силен земјотрес во Иран, епицентарот во близина на нуклеарна електрана

Земјотрес со силина од 4,9 степени го погоди југот на Иран, во близина на една нуклеарна електрана.

Потресот е регистриран на 10 километри југоисточно од Боразџан, објави американскиот геолошки институт, пренесе порталот „gulfnews“.

Локалните власти соопштија дека е упатен тим на спасувачи и дека засега нема извештаи за штетата или повредените.

Освен земјотресот, Иран утринава е во центарот на вниманието на светските медиуми, поради нападот над две бази во Ирак со американски војници и падот на украинскиот „Боинг 737“ на аеродромот во Техеран.

Тагови

Поврзани вести