Свет

СЗО повика да се одложат божиќните и новогодишните прослави?!

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика луѓето да ги откажат своите празнични прослави и собири поради забрзаното ширење на Омикрон варијантата од коронавирусот.

Зборувајќи пред новинарите во Женева, директорот на СЗО, Тедрос Адан0м Гебрехесус, рече дека „откажан собир е подобро од откажан живот“.

„На сите од нас ни е веќе преку глава од пандемијата. Сите сакаме да поминеме време со нашите пријатели и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала. Најбрзиот начин да се дојде до ова е ние лидерите и сите луѓе да направат тешки одлуки кои можат да не заштитат нас и другите“, рече тој.

„Во некои случаи тоа значи откажување или одложување на прослави и собири. Но откажан собир е подобро од откажан живот. Подобро е да се одложи сега и да се прослави подоцна, отколку да се прослави сега и да се тагува подоцна. Никој од нас не сака да бидеме тука по 12 месеци од сега“, додаде Гебрехесус.

Тој го образложи овој став со се` повеќето докази дека Омикрон варијантата се шири значително побрзо отколку Делта. Податоците покажуваат дека бројот на заразени од Омикрон во заедницата се удвојува на секои 1,5 до 3 дена.

Се повеќе гледаме дека Омникон е новото име за затварања и локдауни низ целиот свет иако е очигледно од изминатите искуство без никаков ефект во борбата со вирусите, а и масовната вакцинација не помогна.

Тагови

Поврзани вести