Македонија
Се чисти големата депонија кај Долно Лисиче
Комуналните служби на Општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве интензивно работат на расчистување на една од најголемите диви депонии на нејзината територија лоцирана во Долно Лисиче.

Станува збор за депонија создавана со години пред мостот во Долно Лисиче што граничи со Јурумлери. Овој потег преполн со ѓубре, шут и кабаст отпад, покрај тоа што е премногу лоша слика за тој дел од општината, претставува и голема опасност за животната средина и здравјето на жителите.
Општината воведе и сменска работа на инспекциските служби, кои се постојано на терен и ги едуцираат жителите, а во краен случај и ги казнуваат несовесните граѓани што фрлаат шут и отпад на јавни површини.
Ова зачестено чистење на депониите дава свој придонес во борбата против загадувањето.