Македонија

Се сечат дрва во Карпош

Сечата на зеленило во скопската населба Капош 4 ги вознемири утринава жителите. На социјалните мрежи се споделува видео од утринското сечење на две повеќегодишни дрвја. Граѓаните се плашат дека на локацијата ќе се подигне висококатница.

Град Скопје, а не општината го издал налогот за сечата на двете тополи во Карпош.

„Во Општина Карпош по барање на граѓани од околните згради, а по налог на Град Скопје, ЈП ‘Паркови и зеленило“ исече две тополи. Ова е сторено по претходно утврдени испитувања за состојбата на  двете дрва“, се вели во соопштението на Општина Карпош.

Оттаму велат дека на постоечката локација не е предвидена изведба на   каква било инфраструктура или градежни активности.

Тагови

Поврзани вести