Македонија
Се расчистуваат стрништа во Скопската котлина
Град Скопје бесплатно расчисти пријавено стрниште во Скопската котлина како дел од кампањата за елиминирање на палењето на нивите, со цел намалување на загаденоста на воздухот и зачувување на плодноста на почвата.
Сите земјоделци од скопските општини може да се пријават на телефонскиот број 071 395 395 и на вработените во Град Скопје да им ги остават своите податоци секој работен ден од 8 до 20 часот, а Градот по претходно утврден план и редослед, реонски, бесплатно ќе го собира растителниот отпад и ќе го одлага во депонијата „Дрисла“.