Забава
Се на едно место за најмалите – Од недела стартува шестата сезона на семејниот ТВ магазин „Моето дете„
Од оваа недела на Телевизија 24 започнува шестата сезона на семејниот ТВ магазин „МОЕТО ДЕТЕ„
Станува збор за забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на неа ќе бидат опфатени повеќе сегменти од растот и развојот на најмалите. Како и во претходните сезони,ќе обрне внимание на настаните од областа на културата, спортот и спортските активности, музиката и слично, а ќе имате можност да ги чуете и приказните на познатите и нивните искуства со родителството.
Проектот е во реализација на ДЕОСОЛ Медиа, а премиерата ќе се емитува во недела во 10 часот наутро на Телевизија 24.